25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Рускиот претседател утре во Турција

Турција наредила апсење на муслиманскиот имам Фатулах Ѓулен кој живее во САД и уште седум лица, поради убиство на рускиот амбасадор во Турција, јави турскиот дневник „Хабертурк“, еден ден по доаѓањето на рускиот претседател Владимир Путин во Турција.

Андреј Карлов беше убиен од полицаец кој не бил на должност во моментот, додека рускиот амбасадор имаше говор на отворањето на изложба во Анкара во 2016 година. Напаѓачот пред да го убие извикуваше „Алаху акбар“ и „Не го заборавајте Алепо“, мислејќи на руското мешање во работите во Сирија. Турската полиција веднаш го уби на лице место.

Путин доаѓа утре во дводневна посета на Турција, каде ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со иранскиот претседател Хасан Рохаи. Трите земји се гаранти за мировниот договор во Астана, со кој беа воспоставени таканаречени зони на деескалација низ Сирија.

Ердоган го смета движењето на Ѓулен одговорно за убиството, што пак имамот го негира, како и учеството во неупсешниот пуч во Турција. Ѓулен од 1999 година е во САД.