11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заостанатите долгови за вода oд денеска може да се плаќаат на рати, без камата

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека денеска почнува акцијата во која корисниците со заостанати долгови за вода, ќе имаат можност да ги плаќаат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.
„Официјално, започна акцијата што ја најавивме во периодот од 2.4.2018 до 15.5.2018 година корисниците на услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки), ќе може да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање“ се вели во соопштението на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Физичките и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24-месечни рати во зависност од висината на долгот.
Спонзорирано: