10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Кина го возвраќа ударот – наметна нови тарифи на виното и на свинското месо од Америка

Кина воведе тарифи од над 25 проценти на 128 американски производи, вклучително на свинското месо и на виното. Одлуката следува кога минатиот месец американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми давачките за странски увоз на челик и алуминиум.

Тарифите влијаат на увозот од речиси 3 милијарди американски долари.

Пекинг соопшти дека овој потег е за да ги заштити интересите и балансот на Кина предизвикани од новите тарифи на САД. Претходно, Кина соопшти дека не сака трговска војна, но нема да седи мирно ако нејзината економија е повредена.

Трамп, сепак, инсистира на тоа дека трговските војни се добри и дека треба да биде лесно за САД да победат.

Американските власти веќе ги објавија плановите за понатамошно насочени тарифи за десетици милијарди долари од кинески увоз, објави Би-би-си.

Тие велат дека тоа е одговор на нелојалните трговски практики во Кина што влијаат врз американските компании.

Спонзорирано: