Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се огласи МВР за настаните на “Партизанска”

Се огласи Министерството за внатрешни работи во врска со синоќешниот грабеж.

На 31.03.2018 година во 21.00 часот пријавено е дека две маскирани лица, од кои едното со автоматска пушка, влегле во казино на бул.„Партизански  Одреди“ во Скопје.

Маскираните лица одземале засега неутврдена сума на пари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.