13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Сакаме стабилно парламентарно мнозинство, но не под кои било услови

Сакаме да го зголемиме и да го направиме постабилно парламентарното мнозинство поради тоа што пред Република Македонија претстојат сериозни одлуки. Пред сè мислам на реформите и искрено се надевам на решение на спорот со името, датум за преговори, интеграција во НАТО – сето тоа се наши амбиции за кои работиме да имаме стабилно мнозинство, но не под кои било услови, вели премиерот Зоран Заев.

Тој рече дека власта се стреми до 15 април во Собранието да бидат донесени голем број закони потребни за реформскиот процес, а на 17 април очекува посета од високи претставници од ЕУ, меѓу кои високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, и комесарот за проширување, Јоханес Хан, заради, како што рече, убави работи за нашата држава.

Во врска со вчерашната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Заев рече дека разговарале за проширување на коалицијата, за најновите моменти во разговорите со Грција и за реформските процеси.

Исто така, Заев рече дека очекува до 10 април да бидат пополнети празните места на заменици-министри во Владата и на директори во некои јавни претпријатија.

Спонзорирано: