17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лажеше, во администрацијата се вработени 128.722, а не 180.000 лица

„Манчевски призна дека СДСМ години наназад свесно ја лажеле јавноста во врска со бројот на вработени во јавниот сектор. Бројот на вработени во јавната администрација е 128.722, а не 180.000 како што СДСМ ги лажеше граѓаните пред изборите“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Дамјан Манчевски.

Според партијата, Манчевски ги потона лагите на СДСМ. „Но, сепак не се надмина себе си и се обиде во вкупната бројка да ги вкалкулира и вработените во приватните агенции и трговски друштво, велејќи дека бројот на вработени е 139.000. Ова е спротивно на домашната и меѓународна методологија за пресметка на вработените во јавниот сектор. Манчевски тоа го знае и затоа тивко и во фуснота призна дека вистинската бројка е всушност 128.722 лица“, се вели во соопштението и се додава:

„Манчевски се фалеше со прераспоредување на 900 рамковно вработени лица, а не кажа што со 1600 лица кои преостануваат. Манчевски не кажа и дека во изминатиот период владата на ВМРО-ДПМНЕ прераспредели над 4000 лица, со што целосно се ипочитува Рамковниот договор. Тоа се правеше согласно закон, без фанфари, драми и пресконференции. Манчевски презентираше некомплетен извешатај. Во извештајот кој го презентираше Манчевски за првпат во историјата не е вклулчена годишната флуктуација на кадри во текот на годината. Односно бројот на нови вработувања и бројот на престаноци на работен однос.
Манчевски не го кажа ова поради фактот што по преземањето на власта СДСМ за само 6 месеци вработи скоро 13.000 лица. За сметка на тоа околу 10.000 лица си заминале од јавната администрација поради мобингот и невидените притисоци кои ги претрпувале од страна на новата власт“.

Опозицијата прашува зошто Манчевски прескокна да ја вклучи и оваа анализа во Извештајот? Зошто граѓаните не се информираат со вистинската состојба. „СДСМ ги сруши сите стандарди, со цел вработување на своите партиски послушници. Владата со новиот закон дрско го сруши мерит системот, кој го воспостави претходната влада тајно, шверцерски и без присуство на опозицијата. Со цел да создаде услови таканаречените шарени револуционери, без посебни квалификации да ги вработи. СДСМ не спроведува реформи. СДСМ го загрозува реформскиот процес. Сето ова ќе ја чини државата изгубени години во обид да се спроведе вистинската реформа на јавната администрација која ја започна Владата на ВМРО-ДПМНЕ, и која Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја продолжи, многу брзо, веднаш по следните избори“, се вели во соопштението.

Спонзорирано: