14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Дај Боже сите да земаме плата од 10.000 евра па да плаќаме повисоки даноци

Не може и тој што зема 10.000 денари плата и тој што зема 10.000 евра плата да плаќаат ист данок, тоа не е фер општество. Дај Боже да земаме сите по 10.000 евра плата, па да платиме повисоки даноци, вели премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за коментар за најавеното воведување данок од 18 отсто за граѓаните чии приходи се над 1.000 евра. Според него, дебатата за оваа даночна реформа почнала прерано затоа што Министерството за финансии сè уште нема излезено со аргументи.

„Не треба да се плашиме од ниту една реформа што ќе биде исцрпена преку дебата, дебатата веројатно сега се отвора, според мене прерано поради тоа што редот е Министерството за финансии да излезе со податоци, да даде доволно влезни аргументи, па да почне дебатата. Реформата во персоналниот данок на доход е владина програма, ако е владина програма, таа ќе се спроведе. Ние не сме слепи имплементатори на нешто што сме ветиле или стои во некој документ. Целта е да постигнеме ефекти и благодети за сите. Суштината е дека сакаме праведно и фер општество. Не може и тој што зема 10.000 денари плата и тој што зема 10.000 евра плата да платат ист данок. Тоа не е фер општество. Дај Боже да земаме сите по 10.000 евра плата па да платиме повисоки даноци“, рече Заев.

Од тука, додаде тој, преку дебата ќе ја одмериме границата на другата стапка којашто треба да биде воведена. „Таа дебата треба дополнително да зафати од оние помалку од 5 проценти кои се ектремно богати и редот е да платат повеќе. При плаќањето поголем данок државата ќе може да ја подигне социјалната помош до 12.000 денари, да воведе беспатно болничко лекување“, рече Заев.

Тој истакна дека Владата не смее да дозволи младите информатичари да заминат од државата.

Спонзорирано: