11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Смртна казна за кинескиот Џек Мевосек

Судот во Кина му изрече смртна казна на човекот што го доби прекарот „кинески Џек Мевосек“ поради силувања и убиства на 11 жени и девојчиња во периодот од 14 години, јави кинеската државна телевизија.

Гау Ченгјонг (45) е осуден поради повеќекратни убиства, силувања, грабежи, пренесе програмата на англиски јазик на кинеската државна телевизија.

Ченгјонг го признал убиството на 11 жени во периодот од 1988 до 2002 година во северозападниот дел на Кина. Најмладата жртва имала осум години.

Гау Ченгјонг е уапсен во август 2016 година во неговата продавница, со што се стави крај на 28-годишната потрага.

Спонзорирано: