13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Адвокатите на Миле Јанакиески побараа да бидат изземени судиите во „Топлик“ – судот ги одби

Претседателот на кривичниот суд, Иван Џолев, не дозволи да биде изземен судискиот совет кој одлучува во предметот „Топлик“ за незаконитости при изградбата на „Сончев град“. Ова го побараа адвокатите Еленко Миланов и Сања Алексиќ на денешното рочиште повикувајќи се на изјавата на обвинителката Катица Јанева дека во прислушуваните телефонски разговори има и такви кои се помеѓу судии.

Во „Топлик“ oбвинети се Јанакиески и уште пет лица, кои се товарат за продажба на градежна парцела во скопско Сопиште. Предметот неколкупати досега е одложуван. Беа оспорувани и вештачењата на специјалното јавно обвинителство.

Спонзорирано: