11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пријава поради сеча на дрва од шума на Галичица во сопственост на МПЦ

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.В. (33) од село Лешани, општина Дебарца, поради постоење „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од 23.02.2016 до 27.08.2017 година тој како референт за превоз во Јавното претпријатие „Македонски шуми”-ПШС „Галичица” Охрид, на транспортерите на огревно дрво од сечата на шума во сопственост на Македонската православна црква им овозможил да превезуваат поголема количина дрвна маса од количината што била наведена во одобренијата за испорака.

Во тој период биле испорачани 105 кубни метри огревно дрво повеќе од дозволената количина. На тој начин референтот се стекнал со противправна имотна корист од 231.913 денари на штета на МПЦ.

Спонзорирано: