13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Политичар пукал во новинар и го убил

Пакистански политичар пукал на новинар од локален весник и го убил, а потоа избегал од местото, соопшти полицијата во Пакистан.

Полицијата наведува дека новинарот Зешан Ашраф Бут е убиен во вторникот во провинцијата Пандџаб на истокот од земјата, во местото Самбријал.

Засега не се познати мотивите на политичарот Имран Чиме, осомничен за убиството на новинарот.

Организацијата Репортери без граници го осудила убиството на Бут и ги повикала пакистанските власти да ги заштитат новинарите, наведувајќи дека тие „често се мета на физичко насилство, киднапирања и заплашувања од разузнавачките служби и војската“.

Спонзорирано: