10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Намерно предизвикала судир за да им докаже на децата дека Бог постои (Видео)

Бакари Ворен од американската држава Џорџија е уапсена откако намерно предизвикала сообраќајна несреќа за да им докаже на децата дека Бог постои и дека ќе ги заштити.

За среќа, мајката и двете малолетни деца, по судирот поминале без повреди.

Ворен со своето теренско возило со полна брзина удрила во бетонски столб, а пред самата незгода им рекла на децата дека намерно ќе удри во столб за да им докаже дека Бог постои и дека ќе ги сочува ако имаат верба во него.

Несреќата ја забележале и безбедносните камери кои ја снимиле жената како вози автомобил, во округот Гвинет во Џорџија, пред свесно да сврти во спротивна лента.

На крај удрила во бетонски столб, кој предизвикал голема штета на нивниот автомобил.

Двете деца, на возраст од пет и седум години, биле во задниот дел на возилото. Децата поминале без повреди.

Откако полицијата излегла на местото на судирот, Ворен признала што се случило. Нејзината бизарна одлука ја потврдиле и нејзините деца, кои ги опишале моментите пред судирот.

Спонзорирано: