9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се шири и зајакнува Владата на Зоран Заев – ова е партијата која си заминува од коалицијата на ДПМНЕ и ќе ја поддржи власта

Се шири и зајакнува владината коалиција, а премиерот Зоран Заев веќе потврди дека во моментов се водат преговори со ТДП за да даде поддршка кон владејачкото парламентарно мнозинство.

Овие преговори се очекува да завршат во вторник.

-Оваа партија веќе дава поддршка на законските решенија и соработката не е условена со некои места, но треба да се заокружи. Размислувам и за средби со БЕСА и тоа со двете групи, се надевам дека ќе најдат нешто што ќе ги спои во една, бидејќи гледам дека пратениците соработуваат меѓу себе. Потоа ќе се разговара и со пратеници кои се во опозиција, рече Заев.

Инаку Заев не разговарал на оваа тема со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а како можност за средба се најавува утрешната пауза за пратенички прашања.

Премиерот додаде дека вратите ќе бидат отворени и за нови партии кои би сакале да учествуваат во владината коалиција

-Оставена е можноста на премиерот да разговара со пратеници, политичари и со партии кои се подготвени да ја поддржат Владата во однос на актуелни прашања, како што се: Решавање на спорот што го има Грција со нашето уставно име, реформите, концептот „Едно општество за сите“ и сето она што е за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, рече Заев.

 

Заев не откри кој, но рече дека има и пратеници кои се од опозицијата, но се со поблиски ставови кон Владата.

Спонзорирано: