14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Ким со радост и нетрпение го очекува состанокот со мене

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ објави дека добил порака од кинескиот претседател со која тој го информирал дека состанокот со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун поминал добро.

Трамп воедно навел дека му било пренесено оти Ким се радува на состанокот со него кој е предвиден за мај, но истакнал и дека до тогаш мора да се задржат санкциите и притисокот кон Северна Кореја.

„Синоќа добив порака од Си Џипинг дека неговата средба со Ким Џонг-ун во Кина минала добро и дека Ким со нетрпение ја очекува средбата со мене. Во меѓувреме, за жал, максималните санкции и притисокот мора да се задржат по секоја цена“, напиша Трамп.

Севернокорејскиот лидер беше во посета на Кина, што му е прва посета во странство откако ја презеде функцијата во 2011 година.

Ким изразил подготвеност на претстојниот состанок со Трамп да се заложи за повлекување на нуклеарното оружје од Корејскиот Полуостров. Корејскиот лидер, кој во Кина беше дочекан со голема помпа, рекол дека е подготвен да постапи со нуклеарното оружје во согласност со волјата на поранешните севернокорејски лидери.

„Нашиот став за денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров е во согласност со волјата на поранешните лидери Ким Ил-сунг и Ким Џонг-ил“, рекол актуелниот лидерот на Северна Кореја, чија посета на Кина се чуваше во тајност сè до неговото враќање во татковината.

Кинеските медиуми објавија снимки од Ким и Си, кој како домаќин приредил банкет за водачот на Северна Кореја и неговата сопруга.

Спонзорирано: