12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јанушев: Проектите што денеска ги презентираше Заев се на ВМРО-ДПМНЕ

Сите проекти кои што денес беа презентирани се всушност проекти на ВМРО-ДПМНЕ, тврди опозицијата, коментирајќи ја прес-конференцијата во Владата, што се однесуваше на инфраструктурaта.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев рече дека власта нема идеја како да работи, нема свои сопствени проекти и не знае во која насока да ја тера државата.

„Сите овие проекти буквално се започнати од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ и уште еднаш ќе повторам дека 10 месеци се на власт и буквално ништо немаат сработено. Експресниот пат Градско – Прилеп е започна со градба во 2016 година. Делницата Градско- Дреново која исто така ја распиша оваа влада е само дел од една фаза за која комплетно се обезбедени пари од страната на ВМРО-ДПМНЕ. Договорот за изградба на експресниот пат Штип- Радовиш е попишан во декември 2016 година , исто така средства се обезбедени од страна на ВМРО-ДПМНЕ односно од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За патот Чатал – Крива Паланка кој што всушност е дел од Ранковце- Крива Паланка, исто така се обезбедени средства уште во 2015 година“, рече Јанушев.

Додаде дека автопатот, Демир Капија – Смоквица е пат кој е завршен во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а владата на СДСМ го одолговлекуваше неговото пуштање во употреба. Тој тврди дека и автопатот Миладиновци – Штип е започнат и бил во напредна фаза на реализација, во времето кога со владата раководело ВМРО-ДПМНЕ, а неговата изградба била стопирана неоправдано од владата повеќе од 10 месеци.

Спонзорирано: