25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сурочак: Македонија се движи во вистинската насока

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска го прими во посета директорот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Европа Јан Сурочак.

Како што соопшти владината прес-служба, Сурочак се заблагодарил за исклучителната соработка со Владата на повеќе проекти, и изразил подготвеност, низ средбите што ги остварува овие денови, за нови и заеднички иницијативи.

„Во разговорот со премиерот Заев, господинот Сурочак истакна дека во САД ќе замине со позитивни пораки за Република Македонија, и дека ќе ја пренесе пораката дека земјата се движи со силни чекори во вистинската насока, како на домашен, така и на меѓународен план“, соопшти Владата.

Премиерот Зоран Заев го истакнал пријателството со САД во однос на стратешките прашања за Република Македонија, и нагласил дека соработката со институциите и организациите од Америка е особено драгоцена поддршка.

Заев на средбата информирал и за актуелниот политички момент во земјата и ја потенцирал заложбата на Владата да го поттикне дијалогот и соработката на опозицијата, особено во делот на обезбедување на функционална работа на Собранието, во пресрет на остварувањето на исклучително важните реформи и за особено значајните претстојни политички процеси во однос на аспирациите на земјата за членство во НАТО и ЕУ.