17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Нејзиниот сопруг трагично починал – 2 години подоцна, сопругата добила мистериозен букет на работа

Во Фејсбук објава на страницата „Love What Matters“, Кајла Милер споделила топла приказна која го покажува вистинското значење на вечната љубов – љубов која живее и откако животот на земјата ќе престане.

Кога Кајла видела букет шарени ружи кои и биле доставени на колешка на работа, било како во филмот „P.S. I Love You“.

Сопругот на нејзината соработничка починал пред две години, но подготовките кои ги извршил за неговата сопруга засекогаш да биде сакана едноставно ќе ве растопат.

Ова е нејзината објава:

– Имав прилика да сведочам на вистинска „P.S. I Love You“ приказна. Ова цвеќе денес е доставено за една колешка на работа. И го испратил нејзиниот сопруг кој починал пред две години.

-Секој празник/роденден откако тој починал таа прима цвеќе, подароци и накит од него. Пред да почине тој смислил сè за таа никогаш да не се почувствува осамено и во деновите кога и е најтешко. Ја споделувам оваа приказна бидејќи е преубава и го грее срцето, но и да покажам дека вистинската љубов навистина постои.

– Не морате да бидете со некој затоа што мислите дека никој друг нема да ве сака. Не морате да трпите изневерувања, лаги или омаловажувања. Вие сте наградата која треба да се освои, а тука некаде постои некој кој ќе ве сака и кога веќе нема да биде на овој свет. Се надевам дека ова ќе ви го разубави денот.

Спонзорирано: