13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Ловел риби, па ја „уловил“ најголемата ајкула на светот (Видео)

Кајл Морнингстар ловел риби со своите пријатели во Флорида минатата недела, кога здогледал темна сенка како се приближува до нивниот брод.

Триесет и едногодишникот веднаш го подигнал сидрото кога ја здогледал огромната бела ајкула.

-Направи три круга околу мојот брод. Беше долга колку половина од мојот брод, сигурно меѓу 4 и 5 метри, изјавил Кајл за Фокс њуз.

Иако е искусен риболовец, досега не видел толку голема ајкула.

-Погледнав во морето и видов огромна темна сенка како се приближува до мојот брод, рекол и додал дека прво го подигнал сидрото, а потоа го извадил телефонот и ја снимил.

Спонзорирано: