14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Облачно време со дожд и снег на планините

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне и во ноќните часови со врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три степени, а дневната температура од нулата до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во ноќните часови со врнежи од дожд.

Утринската температура до нулата, а дневната температура ќе достигне до осум степени.

Утре почнувајќи од пладне ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта, особено во југоисточните и западните делови (локално над 20л/м2), каде снежната покривка на планините значително ќе се зголеми.

Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. И во првите два дена од следната недела ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи од дожд, на планините од снег.

Спонзорирано: