13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Апсења во Македонија

Министерството за внатрешни работи вчера во Кичево приведе три лица од Скопје и заплени 91 килограм марихуана. МВР до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против овие лица и уште против три други лица, две од Струга и едно од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’.

„Кривично пријавените ја набавиле марихуаната од соседна Албанија и ја складирале во Струга со цел да ја транспортираат во Скопје. Вчера во утринските часови марихуаната требало да биде пренесена во Скопје и била сместена во патничко моторно возило ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, во кое биле двајца од приведените, а пред ова возило во улога на т.н. чистач се движело патничко моторно возило ‘БМВ’ со прилепски регистарски ознаки управувано од еден од сега приведените“, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на денешната прес-конференција.

По претходно изготвен оперативен план, од страна на полициски службеници на влез во Кичево, сопрено е патничко моторно возило „мерцедес“, а во исто време на излез од Кичево е сопрено и другото возило „БМВ“.

 

„Трите лица кои биле во возилата се лишени од слобода. При извршениот преглед на ‘мерцедесот’, биле пронајдени девет вреќи и една патна торба со марихуана“, рече Ангеловски.

На лицата С.О. (22), С.Ф.(22) и И.Ф.(24) од Скопје од страна на судија на претходна постапка им се одредени мерки притвор во траење од по 30 дена, лицето Е.М. (25) од Струга веќе издржува казна затвор во казнено-поправен дом Струга и е префрлен во Истражниот затвор во Шуто Оризари, додека по лицата Х.Ф. (23) од Скопје и Б.К. (23) од Струга сè уште се трага.

Спонзорирано: