17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Оставката на министерот за правда е висок морален чин

Демократската унија за интеграција едногласно ја поздрави одлуката за оставка на министерот за правда Билен Саљији, оценувајќи дека се работи за висок морален чин и порака со висока човечка и политичка одговорност.

„Овој чин на министерот Саљији треба да служи како порака до сите носители на политички функции, особено одговорните за владеењето на правото. Оваа оставка ја повторува пораката дека селективна правда не смее да има и сите носиме одговорност за довербата на граѓаните кон институциите на земјата“, смета ДУИ.

Претседателството на ДУИ му се заблагодари на министерот Саљији за дадениот придонес за време на функцијата и оцени дека овој висок стандард на индивидуална одговорност поставува нови стандарди во креирањето политики.

Спонзорирано: