13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Томан: Мнозинството ја погази демократијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, заедно со потпретседателот Александар Николоски, оствари средба со амбасадорот на Чешка во Република Македонија, Мирослав Томан.

Од партискиот Центар за комуникации соопштија дека на средбата се разговарало за повеќе теми важни за стратешките приоритети на Македонија, актуелните политички случувања, како и за реформските процеси кои се важни за државата.

„Мицкоски го информира амбасадорот за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за законот за јазиците истакнувајќи дека парламентарното мнозинство ја погази демократијата и на сила протуркувајќи, го донеле законот, кој е резултат на коалицискиот договор на две страни, внесувајќи уште поголема поделба во општестово. Тој истакна дека неколкупати побарал од Владата на СДСМ да го повлечат овој предлог-закон за употреба на јазиците, со што ќе се формираат работни групи, кои законот ќе го направат уставен и применлив“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски во рамките на средбата посочил и дека сериозен проблем преставува политичкиот прогон што го врши власта и дека тоа е и пречка за придвижување на општествените процеси кои се во застој.

„Таквите теми ја дефокусираат јавноста од вистинските проблеми на граѓаните. Загрижувачки се загрозената демократија, политичкиот терор спроведуван од власта и стангирачката економија, што се одразува врз стандардот на граѓаните“, посочил Мицкоски, кој додал дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддршки реформските процеси што се од интерес на граѓаните.

Спонзорирано: