8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снег низ Македонија, еве каде врне во моментов (Фото)

Во делови од Македонија од вечерва почна да паѓа снег, а некаде веќе има формирано и снежна покривка.

Според информациите, слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово, Буково и на Ѓавато.

Во градот Ресен пак снегот формираше и снежна покривка, што може да се види и од фотографиите во прилог.

Според УХМР, утре се уште ќе има повремени врнежи со слаб до умерен интензитет, во јужната половина претежно од дожд, во северната од снег. Повеќе врнежи ќе има во попладневните часови и речиси насекаде ќе бидат од снег.

В сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег.

В сабота и в недела во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула.

Постепено затоплување со повремени врнежи од дожд ќе има од недела попладне.