11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Купила Ролекс од 8.500 евра за татко и, цариниците реагирале (Фото)

Царинските службеници во Србија на 21 март 2018 година на аеродромот „Никола Тесла“ спречиле обид во земјата да се внесе непријавен скапоцен часовник „Rolex Oyster Perpetual Yacht Master II“, чија вредност е проценета на речиси 8.500 евра.

Луксузниот часовник се обидела да го прокриумчари 28-годишна српска државјанка која со лет од Канада допатувала во Белград.

Патничката е запрена кога се упатила на „зелениот контролен премин“ наменет за патници кои немаат што да пријават за царинење. При контрола на нејзиниот багаж, пронајдена е оригинална кутија за „Ролекс“ во која се наоѓал скапоцениот часовник.

Откако часовникот бил пронајден во багажот, патничката на цариниците им рекла дека се работи за подарок за нејзиниот татко и дека не ја знаела вредноста.

Спонзорирано: