12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

За менување на километража на автомобили осудени на 37 години робија

Германецот Јохан Грим е уапсен 2008 година бидејќи со 42 соработници манипулирал со километражата на повеќе од 300 половни возила во Шпанија.

Обвинителството бара секој од нив да биде осуден на до две години затвор и да платат казни и компензации во износ поголем од милион евра.

Грим речиси четири години живее во Галиција, а 2001 година основал компанија специјализирана за автомобилски технологии и инструменти.

Во акцијата на шпанската полиција 2008 година уапсен е како водич на криминална група која ја извела најголмата откриена измама со половни возила во Шпанија.

Преку својата компанија ги манипулирал километражите на 305 автомобили кај повеќе од 150 авто дилери во Галиција.

На пример, Грим ја намалил километражата на Лексус од 3.000 км на нула и на Сааб од речиси на 100.000 км на неколку илјади.

Оваа криминална група е обвинета за измама, а заедно би можеле да добијат околу 37 години затвор.

Спонзорирано: