8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата сопрела ауди – возачот избегал, а она што го пронашле внатре ги изненадило

На 18.03.2018 година во 20.10 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на крстосницата во село Прдејци, при обид за контрола на патничко возило „Ауди А4” возачот нагло го сопрел возилото и избегал во правец на село Прдејци.

Човекот избегал оставајќи го возилото во кое се наоѓале шест мигранти од Пакистан.

Во возилото била пронајдена сообраќајна дозвола на име А.Б. од село Арачиново.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.