9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Заев до младите: Од вашите акции ќе зависи нашата сегашност и иднина

Иницијативата за регионално поврзување на младинските организации е произлезена од потребите на младинските организации од регионот и е резултат на нивната заложба, рече претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев на денешната конференција од Регионалната канцеларија за поврзување и соработка, која се одржа во Скопје.

Тој, во своето обраќање пред присутните претставници од младински организации од регионот на Западен Балкан ја оцени оваа иницијатива како една нова заедничка структура која е за секоја почит, потенцирајќи дека ова е шанса за соработка онаму каде претходните генерациите не успеале.

„Додека разговарав со млади луѓе, активисти и приврзаници на идејата за ваквото регионално поврзување, најдов нешто кое знам да го правам добро и нешто кое уживам да го правам: Да учам од млади луѓе како вас, ослободени од стереотипите на поделбите по вера, нација, етничка припадност, и по било која друга основа. И секогаш, за време на овие средби и разговори, ми се потврдува ставот дека за да бидеш добар лидер, треба да бидеш подобар слушател од говорник“ рече Премиерот на конференцијата.

Премиерот Заев, истакна дека зајакнување на младинската соработка, му дава шанса на конструктивниот пристап во справувањето со траумите и со стереотипите наследени од минатото на целиот регион.

Тој исто така на присутните им посочи дека пред сите инволвирани во овој процес, стојат повеќе од само очекувања, и нагласи дека „пред вас стои мисијата да бидете активен дел од нашите општества и да ја поттикнувате младината да биде погласна за своите права, поборбена за своите идеи, да си го заземе заслуженото место на основен столб во нашето општество“.

Подвлекувајќи дека амбицијата на младите луѓе, во креирањето активно граѓанство е насока за работата на политичарите, тој повика на самосвесност, но и одговорност, не само за сегашноста, но дотолку повеќе за иднината.

„Преземајте иницијативи, бидете будни коректори на владините политики, затоа што од тие ваши вештини ќе зависи колку нашата заедничка иднина ќе биде поубава иднина“ рече премиерот на конференцијата.

Тој ги повика претставниците намладинските организации да не оставаат на политичарите да одлучуваат за иднината на младите, туку да бидат многу активни, многу гласни, и да пробаат да најдат простор за нивните иницијативи, кој, како што рече тој, колку се поактивни – толку се повидливи, и со тоа секогаш го водат општеството напред.

Спонзорирано: