16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Силно се зајакнува Владата на Зоран Заев – еве која партија се придружува кон владината коалиција!

Движењето Беса ги интензивира преговорите за влез во владината коалиција.

За денеска е најавена средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Беса, Африм Гаши.

Пред средбата не се откриваат детали, но неофицијално од партијата се надеваат на успешни разговори и најавуваат дека ќе формираат преговарачки групи за влез во Владата.

Средбата следува по најавите на Заев за владина реконструкција, која се очекува да се случи во следните недели, а како што потенцира премиерот, почнуваат разговори со сите опозициски политички партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, Заев се сретна со Гаши непосредно по неговиот избор за претседател на Беса на почетокот на месецот, a од Владата најавија дека разговорите ќе продолжат во текот на март заради обезбедување можна соработка на парламентарно ниво и на ниво на извршна власт.

Спонзорирано: