13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фрчат кривични од МВР – уште еден висок функционер заработи пријава

Прилепската полиција до соодветното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Кривогаштани, Т.З. (48) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информираат од МВР, во периодот од 2013 до 2016 година општина Кривогаштани, застапувана од пријавениот, склучила повеќе договори со приватна бензинска пумпа за набавка на гориво за моторни возила на општината. На 5 септември 2016 година општината склучила договор и со друг оператор-бензинска пумпа за испорака на гориво.

Во договорите операторите биле обврзани горивото да го испорачуваат истиот момент кога возило во сопственост на општина Кривогаштани ќе дојде на бензиската пумпа да полни гориво. Меѓутоа, поранешниот градоначалник не се придржувал на склучените договори и дозволувал и овозможувал да се става моторно гориво и во возила што не се во сопственост на општина Кривогаштани, а бензинските пумпи да го фактурираат горивото на сметката на општината.

Т.З. им дозволувал на вработените во општина Кривогаштани да ставаат гориво во сопствените возила, а тоа било фактурирано на сметка на општината, што е спротивно на општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија. На тој начин била направена материјална штета на општина Кривогаштани во висина од 212.976 денари, а во корист на трети лица.

Спонзорирано: