16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Предмалку се огласија од ВМРО ДПМНЕ во врска најновите истраги на СЈО – Еве што соопштија

Катица Јанева и специјалното јавно обвинителство се претворија во карикатура поради понизноста во извршувањето на политичките нарачки, велат денеска во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Никој веќе не верува во нивната професионалност и неселективност. Јасно е дека Зоран Заев и СДСМ се исплашени од реакциите на јавноста во врска со насилничкото носење на законот за двојазичност и срамното лицитирање со националните интереси во преговорите со соседна Република Грција. Во ситуација кога економијата е пред колапс, а Владата на Заев е целосно неспособна да ги испорача ветувањата со кои ги манипулираа граѓаните, сосем е очекувано повторно да се активира СЈО, чиј мандат за отворање истраги и обвиненија истече уште во јуни минатата година“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Катица Јанева и СЈО продолжуваат политички да конструираат случаи без никаква правна основа.

„Јавноста мора да биде дефокусирана од целиот хаос што се случува во државата. Затоа се отвораат случаи за договори потпишани од амбасадорот на ЕУ во Скопје или закони изгласани во Собранието. Паниката во која се наоѓа СДСМ не може да биде оправдување за несериозното и незаконско постапување. Правната држава ќе се врати кога ќе си замине оваа неспособна власт“, стои во соопштението.

Спонзорирано: