14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шефот на службата за комуникации на Ватикан поднесе оставка

Шефот на ватиканската служба за комуникации, монсењор Дарио Вигано, поднесе оставка поради скандал во врска со писмо на поранешниот папа Бенедикт. Вигано го испратил писмото до медиумите како дигитално манипулирана фотографија.

Папата Франциско денеска ја прифати неговата оставка.

Скандалот „Летергејт“ изби кога Вигано јавно прочита приватно писмо од поранешниот папа за време на промоција на комплет од 11 книги за теологијата на папата Франциско, но притоа не го прочита делот во кој Бенедикт критикува еден од авторите.

Службата на Вигано до медиумите испрати дигитално заматена фотографија со писмото од поранешниот папа, со што се прекршени етичките стандарди во новинарството.

Вигано по острите критики на кои беше изложен минатата недела, во саботата објави текст од целото писмо на папата Бенедикт Шеснаесетти.

Спонзорирано: