14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

БЕСА: Руските закани претставуваат опасност за иднината на Македонија

Руските закани претставуваат опасност за иднината на Македонија, смета раководството на политичката партија БЕСА, по предупредувањето на Москва за негативни билатерални последици и негативни импликации за регионалната безбедност од евентуален влез на Македонија во НАТО.

„Изјавите со заканувачки тон за иднината на земјата и на регионот од страна на Министерството за надворешни работи на Русија, кои доаѓаат токму во времето кога Република Македонија се наоѓа во една многу значајна, дури и историска фаза, кога се очекува да се реши проблемот на името со соседна Грција и членството на земјата во НАТО, за Движењето БЕСА не служат воопшто на стабилноста на регионот, а особено не на добрите односи помеѓу двете земји“, потенцира политичката партија.

Во соопштението на БЕСА се додава дека зачленувањето на Македонија во евро-атлантските структури е стратешка определба на нашата земја и широко прифатен консензус, па затоа секоја заканувачка изјава кон оваа определба е исто така непочитување на волјата на граѓаните на Македонија да живеат во европското семејство.

„Во овој процес партнерството и пријателството на Албанците со САД и ЕУ се моќен гарант за европската иднина на Македонија“, смета БЕСА и додава дека останува на определбата дека Македонија треба да биде посветена во градењето на здрави и стабилни односи со соседските земји, но и со сојузничките држави, секогаш врз основа на заедничкиот интерес и интересот на граѓаните.

Спонзорирано: