16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Високиот функционер си заминува од функцијата – причината замор

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ќе ја напушти функцијата поради замор, тврдат извори на приватната руска ТВ-мрежа РТВИ, со седиште во Њујорк.

Каналот на руски јазик што се емитува во светот, но не и во Русија, објави на својата интернет-страница дека рускиот дипломат веќе подолго време планира да се повлече, но дека останал на функцијата поради претседателската кампања на Владимир Путин.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, ги отфрли наводите како шпекулации користејќи ја можноста да му го честита роденденот на Лавров, а портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што тврди РТВИ, рекла дека не знае дали Лавров ќе остане на таа позиција во новата влада.

Телевизиската мрежа се повикува на повеќе извори и наведува дека не е тајна тоа што Лавров веќе подолго време сака да ја напушти позицијата на која се наоѓа од 2004 година.

Според телевизијата, постојат повеќе опции за негова замена, а наводно дипломатот нема да замине во пензија, туку ќе преземе некоја помалку активна, но важна функција, веројатно во рускиот совет за безбедност.

Спонзорирано: