13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рама: На Србија ѝ е потребна магија за влез во ЕУ пред Албанија

Албанскиот премиер, Еди Рама, за „Политико“ изјавил дека Србија нема да стане членка на ЕУ пред Албанија оценувајќи дека на Белград му е потребна магија, при што е уверен дека тоа нема да се случи.

Европската комисија одреди дека Србија како земја со најголем број на жители на Западен Балкан и нејзиниот помал сосед Црна Гора се фаворити во процесот за пристапување во ЕУ и објави дека двете нации, кои веќе се наоѓаат во преговори за членство, би можеле да влезат во ЕУ до 2025 година, потсетува „Политико“.

Исто така, наведува дека и Албанија и Македонија се надеваат оти во наредните месеци ќе добијат зелено светло за почеток на преговорите за членство во ЕУ, односно дека двете земји очекуваат Комисијата во април да објави дека се исполнети зададените критериуми и дека потоа Европскиот совет на национални лидери во јуни ќе одлучи дали ќе одобри почеток на преговорите.

„Ние цврсто веруваме дека извештајот на Комисијата би требало да биде позитивен. Што се однесува на Советот, тоа е борба до последна секунда, мораме сите да ги убедиме дека тоа е само една правилна работа што треба да се направи“ рекол Рама.

Според Рама, Србија не може да влезе во ЕУ пред Албанија, особено затоа што Белград ќе мора да го реши чувствителното прашање во врска со Косово.

Спонзорирано: