16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Охриѓани трпат штети поради лошото раководење на ЕЛЕМ

Граѓаните на Охрид и Охридско трпат штети поради неодговорноста на раководството на ЕЛЕМ, реагира опозицијата потенцирајќи дека голем број угостители по должината на охридското крајбрежје претрпеле огромни материјални штети поради незнаењето на раководството на претпријатието да раководи.

„ЕЛЕМ не може да ја избегне одговорноста за директната штета што ја предизвика. Доколку навреме се реагира и водата од Охридското Езеро навреме се испушташе и се полнеше ’Шпилје’, каде што имаме рекордни над 12 метри празен простор во акумулацијата, до поплави во Охрид и Охридско немаше да дојде. Неспособноста и неодговорнсота на раководните структури поставени од СДСМ во ЕЛЕМ ги чинат граѓаните и пари и нерви. Граѓаните очекуваат одговорност“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија додава дека ЕЛЕМ не ја извршува својата обврска долгорочно да планира, оптимизира и управува со ресурсите со кои е должна да раководи.

„Наместо подобрување на енергетските капацитети на земјава, раководството на ЕЛЕМ се зафати со партизирање на синдикалното здружение. Граѓаните не видоа ниту еден нов проект од раководството на ЕЛЕМ, но затоа писмата со апели да се запре со партизацијата на претпријатието од меѓународните синдикални организации за работењето на ЕЛЕМ станаа наше секојдневие“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: