11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Слушнал чуден звук од ѕидот во куќата: Во него пронашле змија долга 4,5 метри (Видео)

Тајланѓанецот Сомачи Субданг секој ден гледа телевизија во својот дом во Бангкок. Меѓутоа, пред неколку дена, неговата рутина ја прекинал необичен звук кој допирал од ѕидот.

Субданг набрзо побарал помош од спасувачката служба. Кога стигнале спасувачите, почнале да го кршат ѕидот од каде доаѓал звукот.

Од отворот почнал да се движи питон долг 4,5 метри.

Фатената змија е пуштена во природа. Питоните и други видови змии не се реткост на Тајланд и често можат да се најдат во одводи, цевки, стебла од дрва, грмушки…