12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ја шокирал полицијата во Хрватска: Возел со неверојатни 4,9 промили алкохол во крвта

Хрватската полиција во петокот запрела 47-годишен маж кој во Копривница управувал со автомобил под дејство на алкохол од 4,9 промили!

Полицијата го фатила возачот среде бел ден, во 12.35 часот, пренесе Дневник.

Полицијата во Копривница минатиот викенд утврдила 165 сообраќајни прекршоци, од кои 41 прекршок управување на возило под дејство на алкохол.

Во посебни простории задржани се шест возачи додека се отрезнат, додека пет возачи се уапсени.