Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Близначки се, а имаат различна боја на кожата (Видео)

Близначките од Бирмингем, Мили и Марсиа, се редок феномен на 11-годишна возраст, една има светол, а друга темен тен, додека на раѓање имале иста боја на кожата.

Марсиа денес има бела кожа, сини очи и плава коса, како нивната мајка, додека Мили има темна кожа, кафеави очи и црна коса и личи на татко и, кој е од Јамајка.

Овие девојчиња, кои својата несекојдневна приказна ја раскажале за „National Geographic“, веќе се свесни што значи расизам и секојдневно се соочуваат со прашањето „дали навистина се близначки“.

Нивните родители велат дека не се грижеле за мислењата на другите луѓе кога започнале врска.

Каде и да се појават, овие близначки ги привлекуваат погледите на луѓето…