11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Смртна казна за дилерите на дрога

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави план за борба против зависноста од опијати, што вклучува барање смртна казна за дилерите.

Трамп планира да упати повик до американскиот Конгрес да ги заостри законите со кои се одредуваат казни за шверцерите со дрога, јави „Ројтерс“ повикувајќи се на официјални лица од Белата куќа.

Целта е со планот да се намали и добивањето рецепт за употреба на опијати, и тоа една третина во следните три години, со што ќе се промовира пракса што го намалува претераното препишување опијат во сојузната програма за здравствена нега.

Трамп ќе ги претстави предлозите на настан во сојузната држава Њу Хемпшир, која е тешко погодена од епидемијата со опијати.

Спонзорирано: