Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку двајца повредени во експлозии во Тексас, трае потрагата по серискиот бомбаш

Најмалку две лица итно се пренесени во болница кога силна експлозија одекна во американскиот град Остин, Тексас, објави „Раша тудеј“. Полицијата ги предупредила жителите да стојат подалеку од регионот. Според извештаите, имало две експлозии, но полицијата потврдила само една. Како што соопштиле од болницата, повредените добиле сериозни повреди, но не биле во животна опасност.

Надлежните сè уште не соопштуваат дали експлозиите се поврзани со трите експлозии што одекнаа пред неколку недели во Остин. Инцидентот се случува една недела кога два пакета со бомби експлодираа во градот, при што загина 17-годишно момче, а беа повредени две жени. Во првиот случај тинејџерот ја отворил кутијата и ја активирал бомбата кога ја нашол на скалите пред својот дом. Во другиот случај 75-годишна жена беше сериозно повредена кога исто така отворила кутија со бомба пред својот дом.

Сличен инцидент се случи и на 2 март кога 39-годишна жена загина во експлозија. Полицијата верува дека трите инциденти биле изведени од страна на еден сериски бомбаш. Потрагата по него сè уште е неуспешна. Според шефот на полицијата во Остин, целта на бомбите е да се испрати порака со оглед дека во првите два случаја 17-годишното момче и 39-годишната жена биле црнци, а третата жена Шпанка.

Спонзорирано: