11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нова трагедија со загинати во Македонија: Во страшната несреќа почина В.Ш.

Во текот на вчерашниот ден, во сообраќајна незгода со трактор, животот го загубил дваесет и двегодишниот В.Ш од село Поповјани.

Како што информираат од полицијата, незгодата се случила во Кичево на локалниот пат кон село Папрадиште. Притоа, В.Ш, управувајќи трактор со приколка во која бил Н.Ш. (41) изгубил контрола над возилото и се превртел, по што Н.Ш. скокнал од приколката, а В.Ш. бил нагмчен од тракторот и починал на самото место. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Инаку, ова е втор случај на смрт на тракторист за само два дена. Во петокот на сличен начин загина и 62-годишниот М.Б. од село Мокрино, откако тракторот му се превртел додека работел на нива.

Спонзорирано: