24.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Одложена заедничката седница на владите на Македонија и Србија

Одложена е заедничката седница на владите на Македонија и Србија, што беше закажана за 21 март.

Македонската Влада соопшти дека седницата е одложена поради неодложни обврски на премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, и додаде дека дополнително ќе извести за новиот утврден датум.

Одложувањето на седницата се случува кога вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со заменик-претседателот на владата во Косово, Енвер Хоџај, на која беа разгледани деталите и информациите што се во насока на подготовката за претстојната заедничка владина седница на Македонија со Косово.

Досега Владата заеднички заседаваше со владите на Бугарија и Албанија.