11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Законот за јазици по вторпат изгласан во Собранието, без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Законот за јазици по вторпат изгласан во Собранието, без поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Со 64 гласа Законот го помина собранискиот филтер. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека ова е неуставно. Во текот на седницата неколкупати побараа изјаснување од Мандатно-имунитетната комисија, чиј претседател вели дека Комисијата може да се состане дури откако седницата ќе биде завршена. ВМРО-ДПМНЕ, пак, упати писмено барање Мандатно-имунитетната комисија да каже дали пратениците можат да поднесат амандани а тие да се разгледани на седница.
Во текот на седницата пратениците од опозицијата побара две паузи, кои беа одобрени од собранискиот спикер Талат Џафери. На седницата имаше и физички напад  врз претседателот на Собранието, Талат Џафери, од страна на пратеникот Никола Груевски.
По изгласување на Законот, Груевски се качи повторно на собранискиот пулт каде што се наоѓаше претседателот на Собранието, Талат Џафери.  Претседателот Ѓорги Иванов, со чиј потпис  Законот требаше да биде објавен во Службен весник, а потоа да влезе во сила, одби да го потпише. Претходно претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ му понуди договор на премиерот Заев да не го гласаат Законот за јазици, а за возврат да добијат поддршка за рефомските закони.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, претходно тврдеше дека Законот нема да биде изгласан. Тие не откриваат како ќе постапуваат во натамошниот период, односно дали ќе ги блокираат Собранието и реформските закони, а некои од нив не може да се изгласаат без нивна поддршка. Законот за јазици беше клучот за составување на коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ. За Законот гласаше и Алијанса за Албанците, која не е дел од власта.
По изгласување на Законот, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги навредуваа колегите од СДСМ нарекувајќи ги „насилници“ и притоа не признаваат дека Законот за јазици е изгласан.