6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претепал 80-годишна старица и ѝ одзел 2.700 денари

Непознат маскиран сторител извршил разбојништво во куќата на 81-годишна жена од Куманово.
Во МВР било пријавено дека сторителот тропнал на влезната врата во домот на старицата, а таа му отклучила. Во тој момент разбојникот физички ја нападнал удирајќи ја со раце, по што ѝ го одзел паричник во кој имало 2.700 денари и лични документи. Потоа сторителот побегнал во непознат правец.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
Спонзорирано: