20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Maлолетни лица донеле напуштено бебе во полициска станица

Две деца на возраст од 16 и 17 години во Полициската станица Бит-пазар донеле новороденче родено пред десет дена, кое не било пријавено во евиденциите на Матичната книга на родените.
Тие изјавиле дека бебето било запуштено и било без грижа од родителите. Од страна на полициски службеник бил извршен разговор со родителите, а новороденото бебе било предадено на социјален работник од Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје. По целосно расчистување и документирање на настанот, против родителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Спонзорирано: