20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Девојката му го скршила носот бидејќи сакал да и раскине

Младиот Бен Кенел, кој студира на Универзитет во Конектикат, завршил крвав и со скршен нос откако на тогашната девојка Кетрин Махони и предложил да престанат да се гледаат.

Девојката, инаку спортистка и модел, полудела кога Бен во студентскиот дом и рекол дека сака да раскине, па со рака го удрила во нос.

Повредениот Бен не се вознемирил од повредата, па на Snapchat ја сликал својата состојба и ја споделил фотографијата со пријателите.

Кенел го пријавил случајот во полиција каде рекол дека Махони го удрила откако споменал раскинување.

Убавицата-ѕвер која го удрила е обвинета за напад од трет степен и е задржана со кауција од 1.500 долари.

Спонзорирано: