14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Мистериозен објект над Атлантикот: Протече тајна снимка на американското воздухопловство

Видеоснимката направена 2015 крај источниот брег на САД фатила момент кога мистериозен објект го прелетува Атлантикот. На снимката може да се слушне пилотот кој го забележал неидентификуваниот објект кој лета над океанот, пишува Мирор.

Кристофер Мелон, советник во компанијата „To the Stars Academy of Arts and Science“ во „Вашингтон Пост“ напишал дека снимката покажала дека е време „да ги оставиме сите табуа во врска со НЛО“.

Видеото го снимил авион на американската морнарица додека летал на висина од 7.600 метри.

Во еден момент камерата успеала и да го следи објектот. Може да се слушне како пилотот вика „Го имам!“.

Од видеоснимката е отстранета ознаката за тајност, но не е јасно како агенцијата „To the stars“ успеала да ја најде.

Во октомври минатата година вооружените сили потврдиле дека постоела програма за истражување на НЛО, но дека финансирањето за понатамошни истражувања е прекинато уште во 2012 година.

Спонзорирано: