20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Селмани на Поповски: Врзете си ги кучињата од вашата коалиција

Очигледно Владата не презема ништо, не правите ништо. Затоа ви кажувам врзете ги кучињата, тие се дел од вашата коалиција, тие кучиња мора да бидат врзани, му порача претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, кој се појави на протестот на новинарите пред Владата.
Поповски рече дека осудува секаков вид напади врз новинари. Рече дека Владата има нула толеранција кон заканите и порача дека новинарите слободно треба да си ја вршат работата.
Во директната конфронтација со Селмани пред Владата, Поповски повеќе пати повтори дека во врска со расчистување на случајот со заканите што ги добивал Селмани, Владата не е единствена институција што треба да го расчисти инцидентот.
„Предметот сега е во Обвинителството. Апелирав дека кога говориме за решавање на проблемите треба да гледаме генерално, Владата е една адреса има повеќе адреси“, рече Поповски и го повика Обвинителството да си ја заврши работата.
Селмани рече дека деновиве и неговото семејство добивало закани. Протестот следува по заканите и навредите од функционерот на ДУИ, Бекир Асани, кон претседателот на ЗНМ.
Асани го нарече новинарот Селмани копиле и жена. Од Владата новинарите побараа на дело да се покаже дека се залага за функционирање на секој сегмент на правната држава, заедно со слободата на говорот и интегритетот на новинарите.