13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија во тага: Згасна млад живот – познати деталите за страшната несреќа

Триесет и деветгодишен жител на Свети Николе загина во сообраќајна несреќа што се случила на патот Штип-Кочани, а во која учествувале два мотоцикла и еден автомобил.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 16.55 помеѓу „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управуван од Ж.Г. (19) од Кочани, во кое имало тројца сопатници.
Mотоцикл „сузуки“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од В.Ц. (39) од Свети Николе и мотоцикл „хонда“ со бугарски национални ознаки, управуван од В.Ј. (33) и сопатник К.Г. (22), двајцата од Свети Николе.
Од добиените повреди на самото место на настанот починал В.Ц., а В.Ј. и сопатникот К.Г. добиле телесни повреди и се пренесени во Медицинскиот центар во Штип за укажување лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.
Спонзорирано: