9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се сретна со рабинот Ендру Бејкер

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Виктор Мизрахи и рабинот Ендру Бејкер директор за меѓународни еврејски работи во Американскиот Eврејски Kомитет по повод еден од најтажните денови во македонската историја.

На средбата се говореше за тешката судбина на македонските евреи која започна на 11 март точно пред 75 години со депортација на Евреите од Македонија во концентрациониот логор во Треблинка. Претседателот Мицкоски оддаде почит на претставниците на еврејската заедница и изрази длабоко жалење за траорната судбина на овие луѓе. Тој истакна дека овој таквиот чин никогаш повторно не смее да се повтори.

Мицкоски нагласи дека македонскиот народ гледа голем пријател во еврејскиот и дека плодната соработка помеѓу двете држави треба да продолжи и понатаму преку нови и засилени форми на соработка.

Спонзорирано: